Реклама

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Македонија

Серафимовски: Започна предвремениот откуп на тутунот за реколтата 2026, се очекува целото производство да биде откупено

Македонскиот тутун се издвојува како еден од најконкурентните во регионот, особено кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот тутун се издвојува како еден од најконкурентните во регионот, особено кога заеднички се земаат предвид пазарната цена и државните субвенции за земјоделците, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

Одговарајќи на пратеничко прашање од Сали Мурати од „Европски фронт“, дали државата го гарантира класирањето и понудената откупна цена на тутунот, обвинувајќи за селективност и намерно пониско оценување, Серафимовски соопшти дека вчера официјално започна предвремениот откуп на тутунот за реколтата 2026 година, иако законскиот рок за почеток на откупот кај сите 334 регистрирани откупни центри во Македонија е најдоцна до 15 декември.

Според Серафимовски овогодишната реколта на тутун се проценува на околу 26 до 30 милиони килограми, засадена на површина од приближно 15.100 хектари, што претставува зголемување во однос на минатата година и исклучително висок квалитет.

Реклама

– За разлика од минатата година имаме зголемување и оваа година квалитетот на тутунот можеме да кажеме дека е на едно одлично ниво. Тој квалитет на тутун не прави едни од најконкурентни во регионот со цената. Ако ги следите анализите на цените на тутунот ќе забележите дека нашиот тутун во регионот и сите оние производители на ориенталниот тутун имаме најдобра цена, ако ги ставиме заедно цената и субвенциите коишто ги добиваат земјоделците – појасни Серафимовски.

Серафимовски нагласи дека согласно реколтата којашто се очекува од страна на тутунарите и процената којашто ја имаат компаниите, бројките покажуваат дека целиот тутун којшто ќе биде произведен годинава ќе биде откупен.

– Имаме околу 18 000 тутунари коишто имаат склучено некаде над 30 000 договори со компаниите. Тоа се 10 компании коишто имаат лиценца за работа и се регистрирани за откуп на тутун. Според податоците, склучени се договори за околу 31,5 милиони килограми, што гарантира дека целиот произведен тутун ќе биде откупен – изјави Серафимовски.

Цената на тутунот, нагласи Серафимовски, не е директно регулирана од државата, туку се утврдува преку претходни договори меѓу откупувачите и производителите. Сепак, како што нагласи тој, тутунот останува една од најрегулираните земјоделски култури во земјата во однос на планското производство, површините, роковите и дека како министер би сакал ова да се направи и со останатите култури.

– Цената на тутунот не ја регулира државата, туку цената на тутунот се регулира помеѓу откупувачите и производителите, односно тутунарите. Тутунот е една од најрегулираните земјоделски култури во Македонија во поглед од планираното производство, планираните површини, склучување на договор за откуп, исплата, рокови за предавање, значи од почеток до крај имаме една комплетна слика и следливост на овој процес и затоа можам да кажам дека тутунот е една од најсигурните земјоделски култури и најрегулираните – изјави Серафимовски.

Во однос на цената и откупот, Серафимовски, нагласи дека Државниот инспекторат за земјоделство веќе врши активни контроли на терен во откупните пунктови низ државата.

– Сите инспектори коишто се ангажирани, еве и денеска добив информација од директорот во утринските часови дека веќе се излезени на терен и сите откупни пунктови. Вчера беа започнати некаде околу 34 само на тутунскиот комбинат и уште на три други компании. Значи инспекторатот го следи овој процес, проверуваат дали имаме цени истакнато, дали имаме мостри од тутунот коишто претходно мостри пред откупот се носат во Институтот за тутун и од страна на комисијата се дава решение и мислење – појасни Серафимовски.

Дополнително, како што нагласи, на секој од 334-те откупни центри ангажирани се овластени проценители и претставници од Сојузот на тутунари кои директно го следат и го контролираат процесот во интерес на земјоделците.

– Во поглед дали земјоделците односно тутунарите се согласни со цените и дали се задоволни, тоа би сакал да ви го одговорам и да го потврдам со фактот што на секој откупен центар имаме повереници, односно овластени проценители за тутун коишто се од Сојузот на тутунари и овие луѓе се претставници на земјоделците и на тутунарите и го контролираат и го следат овој процес – изјави Серафимовски.