Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Дискусија во Собранието за заштитата на децата од сексуална експлоатација и онлајн и офлајн злоупотреба

– Во Собранието денеска ќе се одржи дискусијата „Заштита на децата од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Собранието денеска ќе се одржи дискусијата „Заштита на децата од сексуална експлоатација и онлајн и офлајн злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување CSAM“ по повод 18 ноември – Светскиот ден за спречување и заздравување од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца.

Најавени се воведни обраќања на Јована Тренчевска, пратеничка и претседателка на Клубот на жени пратенички во Собранието; Гонце Јаковлеска, претставничка од Цивика мобилитас и Лилјана Пецова Илиеска, претседателка на ИМПЕТУС.

Како што најавуваат од собраниската прес-служба, за линијата „Ало Бушавко“ ќе говори Жарко Змијанац, директор на Прва детска амбасада Меѓаши и Клои Комсток, онлајн презентација од Меѓународната мрежа на линии за пријавување на материјал со сексуална злоупотреба на деца INHOPE: Како функционираат линиите за пријавување и меѓународната соработка.

Реклама

На темата „Од пријава до институционално постапување: Улогите на  Министерството за внатрешни работи, јавното обвинителство и институциите за заштита на децата“ ќе зборуваат Весна Трпевска, началничка на одделение во Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, Министерство за внатрешни работи; Спасенка Андонова, јавна обвинителка во Основно јавно обвинителство – Скопје за гонење на организиран криминал и корупција; Биљана Пејоска Ристеска, виша соработничка за подготовка на тендерска документација за јавни набавки во Министерство за дигитална трансформација и Емилија Гиноска, советничка за информирање во Агенцијата за заштита на личните податоци.

За „Перспектива на судот: Постапување по предмети поврзани со  материјал со сексуална злоупотреба на деца (CSAM) и значењето на навременото пријавување и зачувувањето на доказите“ ќе говорат Даниела Димовска, претседателка на Основен кривичен суд – Скопје и Билјана Коцевска, судијка во Основен кривичен суд – Скопје.

Во рамки на настанот ќе се одржи и презентација на ИМПЕТУС: Можни механизми и модели за воспоставување национална линија за пријавување материјал со сексуална злоупотреба на деца (CSAM), соработка со телеком оператори.