Поранешниот косовски лидер и командант на поранешната УЧК, Хашим Тачи, е осуден на 17 месеци затвор. Башким Смакај и Фадил Фазлиу беа осудени на 12 месеци, додека Хередин Кучи доби условна казна од еден месец со рок на проверка од една година, а Исни Килај беше ослободен од обвиненијата поради недостиг на докази.
Четворицата косовски Албанци беа прогласени за виновни за попречување на службено лице, мешање во кривична постапка и непочитување на судот – сè во врска со судењето за воени злосторства, во кое Хашим Тачи беше осуден на 25 години затвор, додека неговите соработници добија казни од 13, 18 и 25 години. Судот ги прифати наводите на обвинителството дека судењето за воени злосторства се одвивало во атмосфера на постојано заплашување, што довело до тоа некои сведоци да ги променат своите искази.

