Македонија инвестира милијарди евра во автопатските и железничките коридори, кои се суштински и за Европа, но што фајде од тоа ако протокот на стоки и натаму остане ограничен. Вицепремиерот Николоски по којзнае кој пат испрати апел до Брисел конечно да се најде единствено решение за проблемот со транспортерите. Билатерално Македонија договара решенија, но потребен е единствен пристап. Од Виенскиот економски форум Николоски предупреди и на пречките за извоз кои ја загрозуваат исплатливоста и на таканаречените зелени инвестиции.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:

