Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Економија

Стојановски: Главниот двигател на растот во 2027 година ќе биде засилената инвестициска активност на државата

Мартин Стојановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мартин Стојановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година истакна дека очекувањата за 2027 година се, како што вели тој, да се продолжат позитивните економски движења во државата, а реалниот раст на БДП да изнесува 3,8%. Стојановски, истовремено, потсети и на ниските стапки на инфлација кои годинава ги бележи државата, во услови на глобална енергетска криза, и интервенциите на Владата во делот на намалувањето на ДДВ-то и акцизите на горивата, а со цел заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Во делот на ценовните движења, просечната инфлација во периодот јануари-септември изнесува 3,6%, додека во септември годишната стапка изнесува 2,7%. Во услови на зголемени ценовни притисоци кај енергенсите, Владата презеде мерки преку намалување на ДДВ и акцизите на нафтените деривати, со цел да се ублажи преносот на повисоките светски цени врз домашните цени и куповната моќ на граѓаните. Значаен показател за инвестициската активност се и странските директни инвестиции кои во првото полугодие од 2026 година достигнаа 279,1 милиони евра, што претставува раст од 52,3% во однос на истиот период претходната година“, рече Стојановски.

Стојановски посочи дека главниот двигател на растот, повторно, ќе биде домашната побарувачка и тоа по пат на засилена инвестициска активност, како и тоа дека се очекува и раст на извозот, додека просечната инфлација за 2027 година е проектирана на 3,2%.

Реклама

„Врз основа на остварувањата во првата половина од годината и ризиците од надворешно окружување, проекцијата на реалниот раст на БДП за 2026 година изнесува 3,5%. Во 2027 година се очекува продолжување на позитивните економски движења и реален раст на БДП од 3,8%“, кажа Стојановски и додаде:

„Главен двигател на растот повторно ќе биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Бруто инвестициите се проектирани да забележат реален раст од 6,8% поддржан од инфраструктурни проекти, инвестициите во енергетиката, обновливите извори на енергија, здравството, образованието и земјоделството. Приватната потрошувачка се очекува да порасне за 2,5%, додека јавната потрошувачка ќе има умерен раст од 1,1%. Кај надворешниот сектор се очекува раст на извозот од 5,8%, а на увозот од 5,2%. Просечната инфлација за 2027 година е проектирана на 3,2%. Се очекува и раст на бројот на вработени од 1,2%, додека растот на просечната нето-плата е проектиран на 6,7%“.

Стојановски напомена дека ваквите проекции се проследени со можните ризици од, како што вели тој, продолжување или ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и Украина, затоа впрочем е и битно одговорното планирање, одржување како и стабилна фискална позиција на државата.

„Секако овие проекции се проследени со ризици, продолжување или ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и во Украина. Нестабилноста на цените на енергенсите, трговските тензии и нарушувањата на синџирите на снабдување можат негативно да влијаат врз глобалната и домашната економија. Токму затоа одговорното планирање, одржување и стабилната фискална позиција се од особено значење“, посочи Стојановски.