Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Поднесено обвинение за три кривични дела против напаѓачот на девојката во Охрид, побаран и притвор

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец осомничен за напад…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец осомничен за напад врз неговата девојка товарејќи го за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Од Обвинителството информираа дека обвинетиот, при вршење семејно насилство, противправно ја затворил оштетената, физички ја нападнал, ѝ нанел телесни повреди и ја загрозил нејзината сигурност.

– Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена – стои во соопштението од Обвинителството.

Реклама

Оттаму дополнуваат дека во текот на денот јавниот обвинител презел повеќе истражни дејствија за целосно расчистување на случајот.

– Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди – посочуваат од Обвинителството.

Заедно со обвинението, Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Охрид доставило и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот.

– Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката – стои во соопштението.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека СВР Охрид поднело кривична пријава против К.К. (31) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Според МВР, на 15 ноември околу 2 часот, по расправија што започнала во неговиот дом и продолжила во автомобил, осомничениот физички ја нападнал својата 26-годишна девојка од Охридско. Откога го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Осомничениот бил лишен од слобода истиот ден во 5:05 часот и задржан во полициска станица.