Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Економија

Индустриската зона „Новини и Речица“ во Куманово привлекла инвестиции од над 130 милиони евра

Општина Куманово продолжува со развојот на индустриската зона „Новини и Речица“, преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово продолжува со развојот на индустриската зона „Новини и Речица“, преку изградба на нова сообраќајна и комунална инфраструктура, со цел привлекување нови инвестиции, отворање работни места и поттикнување на економскиот развој на регионот.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека потенцијалот на индустриската зона досега го препознале пет домашни и две странски компании, чии вкупни инвестиции надминуваат 130 милиони евра.

Индустриската зона се простира на површина од 65 хектари и се наоѓа покрај коридорот Е-75, во близина на границата со Србија, меѓународниот аеродром, Скопје и главните транспортни врски.

Реклама

-Со вложувања на Општина Куманово и Владата, досега се пробиени девет нови улици, со вкупно 25.000 квадратни метри асфалтирана површина во два слоја. Изградени се над еден и пол километри фекална канализација, 1,7 километри водоводна мрежа, 2,4 километри атмосферска канализација и 3,6 километри електрични инсталации. Потенцијалот на зоната досега го препознале пет домашни и две странски компании, чии вкупни инвестиции надминуваат 130 милиони евра – информираше Димитриевски.

Од вкупно 31 градежна парцела, 21 е слободна за нови инвестиции во лесна и незагадувачка индустрија, комерцијални и деловни објекти, големи трговски единици, хотелски комплекси и други содржини.

Со продолжување на инфраструктурните вложувања, Општина Куманово очекува привлекување нови домашни и странски инвеститори, отворање работни места и создавање услови за долгорочен економски развој.