Реклама

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Македонија

Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката

На 25 ноември во Скопје ќе се одржи Првиот форум за енергетска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 25 ноември во Скопје ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, кој ќе обедини претставници на влади, меѓународни организации, финансиски институции, дипломатскиот кор, енергетски компании и инвеститори.

– Како да обезбедиме повеќе инвестиции во обновливи извори? Како да ја зајакнеме регионалната енергетска соработка? Како да создадеме повеќе можности за жените да учествуваат во носењето на клучните одлуки? Ова се дел од прашањата што ќе бидат во фокусот на форумот, со цел да се поттикнат нови партнерства, да се разменат искуства и да се отворат конкретни можности за развој на одржливи енергетски проекти. Посебен акцент ќе биде ставен на финансирањето на зелената транзиција, привлекувањето инвестиции, јавно-приватните партнерства и регионалното поврзување – информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во рамките на форумот е предвидено и официјално воспоставување на Мрежата за жени во енергетската дипломатија (Women in Energy Diplomacy Platform), која, како што велат од Министерството, ќе создаде нов простор за регионална соработка, професионално поврзување и зајакнување на женското лидерство во енергетскиот сектор.

Реклама

Настанот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации, УНДП и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE).