Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Економија

Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена

Есенската сеидба е при крај, условите се идеални, но загрижува намалениот број…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Есенската сеидба е при крај, условите се идеални, но загрижува намалениот број површини засеани со лебното зрно. За 15 до 20 проценти годинава се намалуваат површините со пченица, а главната причина е – ниската откупна цена од 9 до 10 денари за килограм. 

-Есенската сеидба е при крај. Сега условите се одлични, има доволно влага во почвата и според роковите ќе заврши сеидбата на пченицата, јачменот и на ржта. Поголемите производители со повеќе механизација веќе ги завршија сеидбените работи. Ги има сите услови за да имаме квалитетна сеидба. Во однос на лани, секако дека ќе имаме намалување на површините под пченица за 15-тина проценти, а причината е единствена: ниските откупни цени годинава кои се движеа од 9,50 до 10 денари за килограм пченица. Се надеваме дека тоа нема да се повтори уште една година за да не дојдеме до ситуација за да немаме доволно жито и производителите да се откажат од таа култура. Тоа е сериозна планирана инвестиција и производство кое мора да го имаме во државата и да не зависиме стопроцентно од увоз, вели Горан Томески советник – агроном во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Прилеп. 

Во тек се подготовките на програмите за идната година во земјоделството.

Реклама

-Сега е во тек изработката на програмите за житните култури за наредната година и сигурно во Министерството за земјоделство се размислува за тоа. Да се надеваме дека со поддршката преку министерството со тие наречени субвенции дека состојбата ќе се врати во нормални текови. Државата субвенционира при употреба на сертифициран семенски материјал и за остварен принос од 3000 килограми од хектар. Ние поддржуваме употреба на квалитетен семенски материјал за да се постигнат повисоки приноси, објаснува Томески.

Со ниска откупна цена, без консултација со надлежното министерство, производството на пченица за земјоделците стана неисплатливо. Државата треба да има стратегија и да интервенира во разликата меѓу откупната и реалната цена. Интервентниот фонд годинава не беше од помош. 

-Со откупна цена од 10 денари за килограм не е доволна ние како земјоделци  да размислуваме за да го зголемиме производството. Традиционално, ќе продолжиме да произведуваме пченица, но, за жал, не е добро тоа што се намалуваат површините. Имаме одлични услови за производство, еве сега се добри условите во есенската сеидба, но со резерва работиме зашто не знаеме што ќе се случува со пченицата. Влегуваме во трошоци, а не знаеме со која цена ќе излезат откупувачите, а Министерството за земјоделство во тоа не сака да се меша. Не бараме којзнае што, но разликата од откупната цена ако е ниска и до реалната, треба да ја покрие државата за да имаме стимул за понатамошно производство на лебното зрно. Интервентниот фонд работеше изминатите години, но годинава не работи и немаме ниту еден денар од него. За тоа се интервентниот фонд и државата да не стимулираат  нас како производители на пченица, вели Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

И од Министерството потврдуваат намален број на површините со лебно зрно. Според Катерина Мојсоска од подрачната единица на Министерството за земјодество од Прилеп, има субвенции. 

-Со неофицијалните податоци со кои располагаме од 2025 година, со претходно пријавени површини за субвенции, во Прилепскиот дел од Пелагонија ќе се посеат 5 200  хектари, од нив 4 200 хектари со пченица, јачменот е на 900 и со рж имаме 20 хектари. Пченицата ни е многу битна, но се очекува за 5 до 10 проценти од површините да бидат намалени под пченица.  На ова може да има влијание и цената на пченицата. Производството на пченица се субвенционира преку квалитетниот семенски материјал со што се добиваат повисоки приноси и државата помага во дел од трошоците. На производителите им следува и картичка за зелена нафта, вели Мојсоска.

Годишното производство на пченица во Македонија е околу 240 000, од потребните преку 300 000 тони лебно зрно.