Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Економија

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен

Автопатот Кичево-Охрид се гради со одлична динамика. Делницата од кичевското село Извор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автопатот Кичево-Охрид се гради со одлична динамика. Делницата од кичевското село Извор до селото Врбјани во општина Дебарце се очекува во следните неколку недели да биде ставена во функција, порача од Охрид заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. 

-Така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите до крајот на мај месец да имаме не само целосно пуштен автопат, туку автопат со сите потребни документи, нешто што за жал не сме го гледале често во минатото, од една страна, и од друга страна оној најтежок дел којшто оди од селото Извор, Кичевско до селото Врбјани во Дебрца, очекувам во следните неколку недели да биде ставен во функција. Таму градежните работи се целосно завршени, што може да се види и со голо око – изјави Николоски.

​Вицепремиерот Николоски истакна дека се пробиени  тунелите, односно двете тунелски цевки,од кои едната е со должина од 1.100 метри, втората е со должина од 1.990 метри и како што посочи „се работи за најдолги тунелски цевки во Македонија“. 

Реклама

-Исто така, галериите, четирите галерии кои што се на овој дел се завршени, завршен е и целосно трупот на патот, мостовите, вијадуктите, така што од градежен аспект целосната работа е завршена. Она што го правиме во моментов е спроведување на најновата европска директива за безбедност во сообраќај, особено во тунели, така што се прават сите потребни тестирања со цел да имаме највисоко ниво на безбедност во рамки на тунелот. ​Ова ќе е првпат да оваа европска директива да биде применета не само во Македонија, туку во целиот регион и во таа насока во моментов се изведуваат тестирањата, и штом бидат тие тестирања завршени, секако ќе ве поканиме да направиме една обиколка и да го пуштиме во функција овој дел од автопатот – рече Николоски.

Прашан колкав е прогресот на автопатиштата кои ги гради „Бехтел и Енка“, Николоски одговори дека најголем прогрес има на автопатот Прилеп-Битола. 

-Различен е прогресот на различните секции. Во однос на секција 1, тоа е од Тетово до Гостивар, таму на земјените работи имаме прогрес од 65%, инаку на ниедна од трите секции немаме се уште асфалт. Во однос на втората секција, тоа е од Гостивар до Букојчани, имаме два дела, делот кој што е од Гостивар веќе е со 60% прогрес, а делот кој што е од Букојчани сега почнува да се гради. А во делот на Прилеп – Битола во однос на земјените работи имаме преку 80% прогрес – изјави Николоски. 

Што се однесува за автопатот Требеништа-Ќафасан, вицепремиерот Николоски посочи дека разговарал со изведувачот „Бехтен и Енка“ и се обидуваат да ја најдат најоптималната варијанта по која ќе се движи оваа делница.

-Разговараме тука и со изведувачот „Бехтел Енка“ и се обидуваме да ја најдеме најоптималната варијанта која што ќе значи секако да го зачуваме статусот кој што го има целокупниот регион, значи не само делот Охрид-Струга туку целокупниот регион и очекувам за брзо време, можеби и со почетокот на градежната сезона веќе да имаме градежни активности – вели Николоски.

По која рута ќе се движи автопатот од Требеништа до Ќафасан ќе одлучат експертите, потенцираше Николоски. 

​-Јас лично нема да се мешам, затоа што претходно некој пред мене на слична позиција  и очигледно ја погрешил, ние сме политичари, носиме одлуки врз основа на она што го имаме како информација пред нас од експертите.Оваа одлука мислам дека треба да ја донесат експертите и за животна средина и секако за градежништво – потенцираше вицепремиерот Николоски.