Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Претставници на министерствата за здравство и за спорт и фитнес-секторот на заеднички панел во Скопје

Министерот за здравство Сашо Клековски, претставници на Министерството за  спорт, Олимпискиот  комитет …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски, претставници на Министерството за  спорт, Олимпискиот  комитет  и  EuropeActive денеска ќе учествуваат на заеднички панел за улогата на физичката активност во јавното здравје на „Health & Fitness Forum 2026“, во организација на North Macedonia Active. 

Програмата, како што информира организаторот, ги поврзува здравствените политики, развојот на фитнес-бизнисите и практичните пристапи кон превенцијата. Под мотото Здравјето и фитнесот како инфраструктура, учесниците ќе разговараат за физичката активност како дел од здравствените политики и за соработката меѓу институциите, здравствените професионалци и фитнес-индустријата.

-Дискусијата на претставниците од двете министерства, Олимпискиот комитет и “EuropeActive” за јавното здравје е закажана од 10 часот и ќе ја отвори темата за придонесот на фитнес-секторот во превенцијата на здравјето и создавање поактивно население, информира Магдалена Спасовска, потпретседателка на North Macedonia Active. 

Реклама

На панелот ќе учествуваат: Сашо Клековски, министер за здравство, Гордана Цветковска Бошевска, посебен советник во кабинетот на министерот за спорт за ЕУ проекти и децентрализација, Ѓорѓи Тасев, генерален секретар на Олимпискиот комитет, Каи Трол извршен директор на EuropeActive. 

-Дискусијата ќе биде можност за институционален дијалог за физичката активност, превенцијата од хронични незаразни заболувања и соработката меѓу јавниот и приватниот сектор. Бизнис-програмата ќе понуди искуства за привлекување и задржување клиенти, развој на фитнес-синџири и градење брендови, додава Спасовска.

Претседателот на North Macedonia Active, Јосиф Дамјанов, како што е најавено, ќе се осврне на состојбата и можностите за развој на домашната фитнес-индустрија, а воведното предавање „One Sector, One Movement“ на Магдалена Спасовска ќе ја претстави визијата за заедничко дејствување на секторот и неговата улога во унапредувањето на јавното здравје.