Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Општина Неготино определи лице за прием и поддршка на лицата со попреченост

Општина Неготино определи лице за прием и поддршка на лицата со попреченост,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Неготино определи лице за прием и поддршка на лицата со попреченост, имајќи ја предвид потребата од организиран прием и достапна поддршка при користењето на општинските услуги, соопштуваат од неготинската локална самоуправа.

– Со цел да се обезбеди пристап до услугите на Општина Неготино на еднаква основа со другите граѓани, се определува лице од општинската администрација за прием и поддршка на лицата со попреченост. Со определувањето на службено лице за контакт, граѓаните ќе знаат кому да се обратат за информации за општинските услуги, за помош при пополнување обрасци и за упатување до надлежниот службеник. По потреба, определеното лице ќе го координира приемот во пристапна просторија. Определеното лице ќе соработува со надлежните организациски единици и ќе го известува секретарот на Општината за утврдените пречки во пристапот до услугите, со предлози за нивно отстранување – појаснуваат од Општина Неготино.

Оттаму истакнуваат дека службените податоци за контакт ќе бидат јавно достапни за граѓаните да можат да побараат поддршка и пред доаѓањето во Општината.

Реклама

– Врз основа на член 50 став (1) точки 13 и 14 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02  и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), а во врска со член 9 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, градоначалникот на општина Неготино донесе решение за определување лице за прием и поддршка на лицата со попреченост – пишува во соопштението, објавено на веб-страницата на Општината.

За лице за прием и поддршка на лицата со попреченост при користење на општинските услуги, се определува вработена на работно место – соработник за развој на примарна, здравствена и социјална заштита во Одделение за јавни дејности, сектор за општи и правни работи и јавни дејности во Општина Неготино.

Во соопштението до јавноста се наведува дека определеното лице, во соработка со надлежните организациски единици на Општината, врши неколку задачи. Ги пречекува и ги упатува лицата со попреченост до надлежниот службеник и по потреба, договара прием во пристапна просторија, дава информации за општинските услуги, потребната документација и начинот на поднесување барања, во форма соодветна на потребите на лицето. На барање на лицето помага при пополнување обрасци и го упатува до општинската архива или до друг предвиден канал за поднесување. Го известува секретарот на Општината за утврдените пречки во пристапот до услугите и предлага мерки за нивно отстранување.

– Поддршката се обезбедува со почитување на достоинството, самостојноста и приватноста на лицето и во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Општината ги објавува службените податоци за контакт на определеното лице на својата веб-страница и на видно место на влезот во општинската зграда – се вели во соопштението до јавноста.