Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Во Битола се одбележува годишнина од формирањето на Народниот театар

Во Битола денес се одбележува 14 ноември, денот кога пред 82 години,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Битола денес се одбележува 14 ноември, денот кога пред 82 години, во старата зграда на Народниот театар се одржа првата театарска претстава на Македонски јазик, „Ѓоре Магарески“ од Владо Малески во режија на Димче Стефановски, воедно ден кога прв почна со работа театарот во Битола.

Првите членови и основачи на театарот биле Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко, кои заедно со следните генерации во старата зграда на театарот изградена од Абдул Керим Паша во 1897 година, работаат до 1980 година, кога зградата е срушена.

Од тогаш и денес, ансамблот на НУ Народен театар Битола претставите ги подготвува и игра на сцените во Центар за култура, каде вечер ќе почне 12. издание на Битола Шекспир фестивал.

Реклама

Според програмата, фестивалот ќе биде отворен со битолските актери учесници во преставата „Кориолан“ во режија на Џон Блондел, а освен нив, во наредните денови со дела од Шекспир ќе се претстават ансамбли од Италија, САД, Ерменија, Романија, Грузија и Малта.