Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Шасивари во Германија на средба со Анете Краме, фокус на правосудните реформи и владеењето на правото

Министерот за правда Јетон Шасивари, во рамки на работната посета на Германија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари, во рамки на работната посета на Германија, остварил средба со Анете Краме, парламентарна државна секретарка во Сојузното министерство за правда и заштита на потрошувачите на Германија.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата во фокусот биле актуелните реформски процеси во правосудството, зајакнувањето на владеењето на правото, независноста и ефикасноста на правосудните институции, како и предизвиците во спроведувањето на реформите согласно европските стандарди.

Посебно внимание било посветено на продлабочувањето на билатералната соработка, размената на експертски искуства и примената на добрите практики од германскиот правосуден систем.

Реклама

Министерот Шасивари ја истакнал значајната улога на Германија како партнер во европскиот интеграциски процес, нагласувајќи дека реформите треба да донесат суштински промени во функционирањето на институциите.

-Успехот на правосудните реформи не се мери само според бројот на донесени закони, туку според нивната примена во пракса. Нашата цел е правосуден систем што обезбедува правна сигурност, еднаков третман пред законот и поголема доверба на граѓаните во институциите – истакнал министерот Шасивари.

На средбата била нагласена важноста од континуирана институционална соработка и поддршка во процесот на усогласување на националното законодавство со европските стандарди.

Министерството за правда продолжува со активностите за унапредување на меѓународната соработка, со акцент на спроведување конкретни реформски резултати и зајакнување на владеењето на правото.