Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров упатени во воспитно поправен дом

На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров изречена им е мерка упатување во воспитно поправен дом. Од Кривичниот суд Скопје информираат дека две од малолетничките ќе бидат упатени на по една година, а две на по осум месеци.

– За предметот со насилство со малолетничка од Ѓорче Петров, со оглед дека се работи за малолетници деца и постапката е тајна, можам да ви потврдам дека случајот е првостепено завршен и изречена им е заводско воспитна мерка – упатување во воспитен дом и тоа една година за две деца, а за две деца 8 месеци – информираат од Основниот кривичен суд – Скопје.

Одлуката сè уште не е правосилна и е во фаза на писмена изработка, по што ќе им биде доставена на странките.

Реклама

Случајот со врсничко насилство во Ѓорче Петров, во март годинава, предизвика реакции во јавноста, а дел од врсничкото насилство беше снимено и на мобилни телефони и потоа споделено на социјалните мрежи.

Против четирите малолетнички претходно беа поднесени кривични пријави за насилство, а постапката се водеше согласно Законот за правда за децата.