Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Проф. д-р Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

На седница на Собранието на Лекарската комора проф. д-р Никола Јанкуловски денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На седница на Собранието на Лекарската комора проф. д-р Никола Јанкуловски денеска е избран за претседател на оваа професионална организација на сите доктори по медицина. За негов заменик е избран д-р Идриз Орана. На седницата беа избрани и тројца потпретседатели, д-р Биљана Петковска Огњанова – потпретседател за примарно здравство, д-р Ленче Нелоска – потпретседател за секундарно здравство и  д-р Ристо Тодоров – потпретседател за терцијарно здравство.

По седницата проф. д-р Јакуловски изјави дека по повеќемесечно одложување денеска успеале да го формираат новоизбраното собрание, како и органите и телата на Лекарската комора. Посочи дека неговата визија за комората апсолутно ќе се движи во насока на повисоко етаблирање на комората на домашно и меѓународно ниво.

– ​Сите предлози што беа дадени за верификација на мандатите на членовите на собранието, сè до изборите на органите и телата, поминаа едногласно. ​​Ние, докторите треба да бидеме поактивни, поупорни и поуспешни и во советодавната улога на комората кон државата, во контекст на нови закони што веројатно во иднина следат, пред сè, што се поврзани со нашата медицинска професија, Законот за здравствена заштита и друго, поради тоа што имаме што да кажеме и имаме можност да придонесеме со нови функционални решенија за добробит на медицинската професија и здравството. ​Ќе се залагам за поголема транспарентност во работењето, нормално и за отчет на сработеното. ​Ќе се залагаме и за една модерна Лекарска комора со поголема дигитализација и поголема транспарентност во работењето – рече д-р Јанкуловски.

Реклама

Тој истакна дека ​Лекарската комора ќе ги става во фокусот докторите, од една страна, но и одговорноста кон пациентите, од друга страна. Потенцира дека очекува во иднина да направат многу повеќе и да придонесат во заедницата да биде подобар животот на граѓаните односно пациентите. ​

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои ќе бидат неговите приоритети, појасни дека очекува поголема соработка со сродните институции кои соработуваат на едно пошироко меѓународно ниво, спроведување на дигитализацијата како еден важен сегмент во подобро функционирање на комората и една поголема активност и во регулацијата на специјализациите; да се пронајдат интересни теми за едукација и еден многу важен сегмент, а тој е да дојде до поинтензивно спојување меѓу лекарите кои се постари и со поголемо искуство, да можат да го пренесат своето искуство на помладите и на тој начин да бидат формирани генерации кои ќе бидат подготвени за сите предизвици во здравството.

Проф. д-р Јанкуловски е истакнат супспецијалист по абдоминална хирургија, долгогодишен редовен професор на Катедрата за хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје, а ги извршуваше и функциите: директор на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, во два мандата декан на Медицинскиот факултет во Скопје и во два мандата ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.