Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Заменик министерката за животна средина Лашкоска во посета на Радовиш

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска денеска престојувла…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска денеска престојувла во Радовиш каде се сретнала со градоначалникот Љупче Почивалец, кој за посетата информираше преку својот фејсбук профил.

Лашкоска и Почивалец разговарале за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за можностите за унапредување на соработката помеѓу Министерството и Општина Радовиш.

-Во фокусот на разговорите беа два значајни инфраструктурни проекти за нашата општина: изградбата на фекалната и атмосферската канализација во Урбан блок 15 во Радовиш, како и реализацијата на третата фаза од проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река – објави Почивалец.

Реклама

За време на посетата, Лашкоска и Почивалец извршиле и обиколка на локациите предвидени за реализација на проектите, при што се запознале со состојбата на терен и планираните активности.

Градоначалникот посочи дека средбата поминала во пријатна и конструктивна атмосфера, со заедничка подготвеност за продолжување на соработката и преземање конкретни чекори за реализација на планираните проекти.