Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Скопје домаќин на првиот Форум за енергетска дипломатија, во фокусот обновливите извори и улогата на жените во енергетиката

 Енергетската безбедност, транзицијата кон обновливи извори на енергија, зеленото финансирање и регионалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Енергетската безбедност, транзицијата кон обновливи извори на енергија, зеленото финансирање и регионалната соработка ќе бидат во фокусот на Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, што ќе се одржи на 25 ноември во Скопје.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најавува учество на домашни и меѓународни експерти, претставници на институции, дипломатскиот кор, меѓународни организации и бизнис-заедницата, со цел поттикнување стратешки дијалог, размена на искуства и воспоставување нови партнерства во енергетскиот сектор.

Посебен акцент на форумот ќе биде ставен на улогата на жените во енергетиката, нивното лидерство и придонесот во креирањето енергетски политики и развојот на енергетската дипломатија.

Реклама

Форумот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации во Северна Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ).

Според организаторите, целта е да се отворат нови можности за регионална соработка, инвестиции и заеднички иницијативи насочени кон создавање одржлив, сигурен и поотпорен енергетски систем во регионот.