Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сиљановска-Давкова со Науседа за евроинтеграциите и македонските предизвици пред литванското претседавање со ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија Гитанас Науседа, на која разговараа за процесот на проширување на Европската Унија, состојбите во Западен Балкан и македонските предизвици на патот кон членството во Унијата, соопшти кабинетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова го поздрави денешното отворање на првата резидентна Амбасада на Македонија во Вилнус изразувајќи очекување за продлабочување на политичката, економската и институционалната соработка меѓу двете земји.

Соговорниците разменија мислења за претстојното литванско претседавање со Советот на ЕУ, кое започнува во јануари 2027 година, при што се согласија дека реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми треба да бидат клучните параметри за членство на земјите-кандидатки во Унијата, а билатералните прашања не треба да претставуваат пречка во процесот на проширување.

Реклама

Претседателката посочи дека соседите можат да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот наведувајќи го примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното зачленување во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информира литванскиот претседател за чекорите што ги презела Македонија на патот кон ЕУ, како и за предизвиците со кои се соочува земјата од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година до денес.

Сиљановска-Давкова истакнала дека продолжуваат македонските напори за воспоставување конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласила дека за напредок во процесот неопходно е двете страни да пристапат со добра волја, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.