Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинира Кристи Мекормик од Калифорнија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинира Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија. 

Како што соопшти Белата куќа, номинацијата е официјално доставена до Сенатот на САД на 9 ноември 2026 година.

Во согласност со процедурата, по предлог на Белата куќа, претстојат сослушување и гласање во Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат и доколку биде потврдена од Сенатот, таа ќе стапи на должноста амбасадор на САД во земјата.

Реклама

Мекормик треба да дојде на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата амбасадорка на САД во Македонија во периодот од 8 ноември 2022 година до 22 јануари 2026 година. Актуелна вршителка на должноста амбасадор на САД во земјата е Никол Варнс, која ја презеде функција во јануари 2026 година.

Според биографијата на Мекормик, таа доаѓа од федералните институции на САД. Од декември 2014 до јули 2026 година Мекормик е избрана како комесар и претседателка на независната федерална институција – Комисија за изборна помош на САД (EAC). 

Во својот речиси 12-годишен мандат во Комисијата таа ја предводела комплетната реконструкција на ова тело, иницирала национални самити за изборни податоци и пристапност на гласањето и лично набљудуваше изборни процеси во речиси сите американски сојузни држави, како и во странство.

Мекормик има искуство со работа во американски дипломатски мисии во кризни подрачја. Во периодот 2009 – 2010 година во Амбасадата на САД во Багдад служела како виш правен советник и вршител на должност заменик-координатор за владеење на правото. Како изборен експерт на терен, таа директно го надгледувала спроведувањето на ирачките национални избори и процесот на повторно пребројување на гласовите.

Во периодот од 1999 до 2006 година извршувала правосудни и државни функции во американската сојузна држава Вирџинија.