Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

В.д. директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, ги отфрли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

В.д. директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, ги отфрли последните обвинувања од Демократската унија за интеграција (ДУИ), посочувајќи дека инспекциски надзор во институцијата потврдил доследно почитување на Законот за употреба на јазиците.

-Како директор на Институтот за јавно здравје, ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за употреба на јазици и беше утврдено дека доследно се почитува Законот за употреба на јазиците во институцијата, пишува во денешното соопштение од изјава на Андоновска.

Споед неа, очигледно ДУИ е мотивирана од други причини за ваквите неточни обвинувања.

Реклама

– ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како и до сега“, нема повеќе неодење на работа и земање плата, нема повеќе немилосрдно, расипничко трошење на буџетите без да има резултати – наведува Андоновска.

Таа додава дека во секоја институција мора да има ред, доследно почитување на законите и одговорност за сите.

-Во секоја инстутуција, вклучително и Институтот за јавно здравје мора да постои ред, Закони кои важат за сите подеднакво и одговорност за криминалите кои ги сториле ДУИ за време на нивниот мандат и кои транспарентно беа споделени со јавноста. Напоменувам, законите во Институтот за јавно здравје ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат за сите подеднакво, им се допаѓало на ДУИ тоа или не – посочува Андоновска.