Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Прилози

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

Двајцата вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“, против кои Основното јавно обвинителство поведе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајцата вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“, против кои Основното јавно обвинителство поведе постапка за злоупотреби со студентските досиеја, се отстранети од работните места. Ректоратот соопшти дека, согласно законските прописи, нивните работни места се ставени во мирување, а истовремено им се одземени сите системски и административни пристапи до електронската евиденција на студентите. Овие мерки ќе останат на сила сè до целосно расветлување на случајот. Од УГД додаваат дека сите евентуално нелегитимно внесени податоци се предмет на истрагата, а ги повикаа студентите и професорите да пријавуваат сомнежи за злоупотреба.

Проверката е насочена кон ограничен број случаи поврзани со постапките за запишување студенти. Во овој контекст, сакаме да ја увериме јавноста дека досиејата и евиденцијата на студентите надвор од овие случаи не се засегнати. Сите евентуално нелегитимно внесени податоци од страна на осомничените се предмет на истрага. Истовремено, ја информираме јавноста дека електронскиот систем на УГД поседува софистицирани дигитални механизми и записи кои ги забележуваат сите интервенции, при што може да се лоцира евентуална индивидуална одговорност“, велат од Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Според обвинителството, осомничените со иницијали Р.Т. и М.М.Н. во периодот од 2021 до 2026 година ги пречекориле границите на своите службени должности и овластувања. Второосомничената, вработена како референт за студентски прашања, по добиена насока од првоосомничениот, нејзиниот претпоставен, внесувала невистинити податоци во универзитетскиот систем. Менувале бодови од испити и оценки, запишувале семестри иако студентите не ги исполнувале условите, а за возврат се стекнале со материјална корист од околу 21 илјада евра. На двајцата им е одреден осумдневен притвор.