Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Прилози

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Агенцијата за храна и ветеринарство прифати дел од барањата на ветеринарите.. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство прифати дел од барањата на ветеринарите.. За време на денешниот мирен протест  на ветеринарската комора пред зградата на АХВ, претставници се сретнаа со новоназначениот директор на агенцијата, Јовица Андовски разговараа. Дополнително треба да се утврди и методологијата за дефинирање на цените на ветеринарните услуги кои не се променети со години.

„Прифатени беа неколкуте барања поставени од Комората со цел продолжување на започнатиот дијалог и решавање на актуелните проблеми кои ги истакнаа претставниците на приватната ветеринарна пракса“, соопшти Агенцијата по состанокот“, соопштија АХВ

Од ветеринарската комора истакнуваат дека најдено е решние за два клучни проблеми кои досега претставуваа кочница во нивната работа.

Реклама

„Она што моментално од најакутните проблеми не тиштат, тоа беше прекинот на работата на лабораторијата и приемот на мостри за здравствена заштита на животните. Директорот најави дека во текот на неделава тој проблем веќе ќе биде решен, има согласност. И исто баравме да се смени методологијата за официјалните контроли што инспекторите ги вршат врз основа, врз активностите на ветеринарните друштва“, изјави Жарко Михајловски, претседател на веретинарната комора

Се очекува комората, заедно со агенцијата за храна и ветеринарство да продолжат со разговори во претстојниот период и да најдат решение и за другите проблеми кои ги засегаат ветеринарите. Како што истакна директорот Јовица Андовски, Агенцијата и ветеринарните друштва се партнери во остварувањето на заедничката цел, заштита и унапредување на здравјето на животните, а преку тоа и заштита на јавното здравје и затоа заедничко дејствување треба да се  темели на разбирање и соработка.