Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Македонија

Мицкоски: Правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, делот од испитот во кој се симулира судски процес ќе се полага на македонски јазик

Правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик, и тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со други права или политиканства – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид.

Во однос на тоа дали на владина седница ќе се најде прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик и за изјавите на коалицискиот партнер ЗНАМ за ова прашање, Мицкоски рече дека нема да има барање или решение со кое правосудниот испит ќе се полага на албански јазик како целина, туку решението што ќе биде доставено на владина седница содржи два дела.

– Во првиот дел се вели дека студентите ќе може делот поврзан со нивните додипломски студии, на јазик поинаков од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици – на албански, турски и на англиски, да го полагаат на јазикот на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудниот испот, каде што се симулира судски процес од дел од кривична или граѓанска постапка, ќе се полага франка лингва – на македонски јазик – рече Мицкоски.

Реклама

Со тоа, повтори премиерот, уште еднаш се потврдува ставот дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик, бидеќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со други права или политиканства.