Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Македонија

Мицкоски: Како редовен универзитетски професор, јас сум им пријател на студентите, Владата работи на дополнителни поволности за нив

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на претставникот на Форумот за образовни промени, Бленди Ходаи, за субвенционираниот студентски оброк, рече дека бил непријатно изненаден и шокиран од начинот на кој, како што оцени, биле навредувани редовни професори. Тој посочи дека и самиот, како претседател на Владата, и министерката за образование и наука Весна Јаневска се редовни професори и дека во текот на годините им помогнале на многу генерации студенти да стекнат знаење, кои им било потребно во животот.

– Како професор, редовен универзитетски педагог и родител, можам да кажам дека бев непријатно изненаден и, би рекол, шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат, како што тој го направи, редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации и генерации студенти сме помогнале да стекнат знаење, кое понатаму им требало во животот и за нив и за нивните семејства, во најмала рака е непристојно – изјави Мицкоски.

Тој рече дека жали што Ходаи не присуствувал на состанокот на кој разговарал со легитимните претставници на студентските движења за студентскиот оброк. Нагласи дека Владата работи на можност студентите одобрената месечна сума да ја користат не само за оброк туку и за дополнителни попусти и поволности во трговските синџири.

Реклама

– Ние веќе работиме во Владата на тоа, во рамките на она за кое зборував, да може студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума, оној волумен што ќе биде одобрен на месечно ниво да го продолжат и понатаму да го користат во синџирите за дополнителни попусти, дополнителни привилегии – рече Мицкоски.

Премиерот упати порака до студентите дека ги смета за свои пријатели и дека ќе продолжи да ги поддржува посочувајќи дека неговата актуелна политичка функција е привремена,  по завршувањето на мандатот, планира повторно да се врати на универзитетот и да работи со студентите.

– И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач. Бидејќи, на крајот на краиштата, политиката и оваа денешна моја позиција се минлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе му се вратам на универзитетот и повторно ќе работам и ќе другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека досегашните активности на Владата се потврда за поддршката на студентите. Како примери ги наведе проектите поврзани со студентските домови, обезбедувањето електронски уреди за секој студент, најавените активности за ученичките и студентските домови, како и изградбата на нови универзитетски кампуси на неколку универзитети.

Додаде дека очекува и понатаму да има поединци што нема да се согласуваат со владините политики, но повторно оцени дека е непристојно редовни професори да бидат понижувани и навредувани јавно.

Бленди Ходаи на прес-конференција пред Управниот суд минатата недела соопшти дека Форумот за образовни промени поднел тужба против Министерството за образование и наука поради, како што тврдат од здружението, непочитување на Законот за субвенционирниот студентски оброк. Од организацијата наведуваат дека МОН во изминатите три години не го спроведувало законското усогласување на износот на субвенцијата со годишната стапка на инфлација, предвидено во членот 2.1 од Законот.