Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Македонија

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама. 

Двајцата вработени се осмоничени за манипулации со испитни бодови и оценки, запишување на семестри за кои студенти немале фатено услов. 

Во соопштението од УГД се наведува дека согласно законските прописи, работните места на двајцата вработени веднаш се ставени во мирување и целосно им се одземени сите системски и администраторски привилегии во електронскиот систем за студентски досиеја. Оваа мерка е на сила до целосно расветлување на случајот. 

Реклама

– Заштита на досиејата: Проверката е насочена кон ограничен број случаи поврзани со постапките за запишување на студенти, во овој контекст сакаме да ја увериме јавноста дека досиејата и евиденцијата на студентите надвор од овие случаи не се засегнати. Сите евентуално нелегитимно внесени податоци од страна на осомничените лица се предмет на истрагата и ќе бидат соодветно процесирани по завршувањето на истрагата од надлежните органи.Системска контрола: Ја информираме јавноста дека електронскиот систем на УГД поседува софистицирани дигитални механизми и записи кои ги забележуваат сите интервенции при што може да се лоцира евентуална индивидуална одговорност – соопштуваат од УГД-Штип.

Од Универзитетот „Гоце Делчев“ посочуваат дека остануваат во целосна и отворена соработка со ОЈО и МВР до конечно расчистување на случајот и како што велат нема да даваат коментари поврзани со постапката додека таа трае. 

– УГД останува посветен на своите темелни академски вредности и знаеме дека решавањето на девијантните појави може да биде тешко, но сме уверени дека тоа е единствено исправно во насока на заштита на квалитетот на високото образование.

Ги повикуваме сите студенти, професори и вработени слободно и анонимно да ги пријавуваат сите сомнежи за евентуална злоупотреба на службената положба. 

Потсетуваме дека УГД има поставено детални информации за пријавување корупција во високото образование на самата веб страна на следниот линк: https://www.ugd.edu.mk/za-ugd/prijavete-korupcija/ , се наведува во соопштението на УГД-Штип. Инаку, на двајцата вработени на 4 ноември им е одредена мерка притвор од осум дена.