Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Македонија

Во Општата болница Куманово до крајот на годинава треба да бидат вработени 20 специјализанти

Во Општата болница Куманово до крајот на годинава треба да бидат вработени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општата болница Куманово до крајот на годинава треба да бидат вработени 20 специјализанти кои се на прва, втора и трета година од специјалистичките студии. Од установата очекуваат во наредниот период да добијат и согласности за вработување дополнителен средномедицински и технички персонал, информира директорот Сашо Стошевски. Тој посочи дека од Министерството за здравство добиле известување за вработувањето на специјализантите, со што се очекува делумно да се зајакне специјалистичкиот тим на болницата.

– Од Министерството добивме известување дека до крајот на годината ќе треба да вработиме уште 20 специјализанти кои се на прва, втора и трета година на специјалистички студии. Се надевам дека тоа ќе биде реализирано и со тоа до некаде ќе го комплетираме специјалистичкиот тим – изјави Стошевски.

Во однос на средномедицинскиот и техничкиот персонал, директорот очекува во наредниот период да пристигнат согласностите за нови вработувања и изрази надеж дека ќе има интерес од граѓаните за слободните работни места. Во последните четири години околу 170 вработени заминале во пензија. Во овој период биле реализирани само осум нови вработувања, што создава сериозен недостиг на медицински и технички персонал. Стошевски вели дека засега болницата нема поголеми проблеми со лекарскиот кадар, со исклучок на Одделението за анестезија, каде што недостигот на специјалисти е најизразен. Како што појасни, четворица анестезиолози заминале во пензија, по што болницата презела активности за обезбедување континуирана здравствена заштита. Еден анестезиолог, бил повторно ангажиран по пензионирањето, согласно законските можности. Болницата склучи договори со анестезиолози од други здравствени установи, меѓу кои ТОАРИЛУЦ и ГАК.

Реклама

– Засега функционира како што треба. Доаѓаат и даваат 24-часовни дежурства и се надевам дека во 2027 година ќе добиеме наши двајца специјалисти кои ќе ја завршат специјализацијата по анестезија и конечно ќе можеме да се стабилизираме и во тој дел – рече Стошевски.

Недостигот на анестезиолози особено се одразува врз организацијата на работата на Одделението за гинекологија, каде што е потребна континуирана 24-часовна анестезиолошка поддршка. Стошевски посочи дека благодарение на постојниот медицински тим и транспортната служба, досега  родилките успешно се транспортираат во скопските здравствени установи.