Полициски службеници од ОВР Кичево вчера лишиле од слобода 45-годишен жител на Кичево, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога.
Како што соопшти МВР, на 8 ноември во 13:10 часот бил приведен П.Ј. (45) од Кичево. При претресот, извршен од криминалистичката полиција при ОВР Кичево по судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и фолии со траги од кафеава материја.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

