Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Обвинителството му одговори на Филипче: Криминал се гони врз основа на докази, а не нарачки на политички партии

Луѓе и фирми се гонат за криминал врз основа на докази, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Луѓе и фирми се гонат за криминал врз основа на докази, а не нарачки на политички партии. Обвинителството остро му одговори на лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со барањето оваа институција итно да отвори предмет за „Алта Банка – Битола„ и да ја истражи улогата на премиерот и министерката за финансии во овој случај.

  • „Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, не врз основа на барања од политички партии“, е ставот на Обвинителството.

Премиерот Мицкоски пак, вели дека нема ништо против и дека се согласува Обвинителството да отвори случај и да проведе истрага, по што ќе се види што ќе каже таа истрага.

СДСМ, пак отиде чекор понатаму. Освен што повторно побара истрага за „Алта Банка“, тие отворено му се заканија на републичкиот обвинител Ненад Савески. Му порачаа дека во Србија имало најави дека ќе се апсат обвинители, па доколку не постапел и него го чекала иста судбина.

Реклама
  • „Доколку Обвинителството не постапи, СДСМ највува кривични пријави за Алта банка. Го потсетуваме Савески дека јавниот обвинител мора да биде независен и да работи според Уставот и законите. Дека со полагањето заклетва му дал збор на народот. Видовме дека наскоро се очекуваат апсења на обвинители во Србија. Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија. Савески, часовникот отчукува. Постапете веднаш!“ рече Богданка Кузеска – Портпаролка НА СДСМ.

Како што е познато, Филипче во деновите по отварањето на случајот упорно бара истрага против премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, иако владата нема никаква врска со банкарскиот сектор. Дури побара и вклучување на Европското јавно обвинителство во проверката на финансиските текови поврзани со банката.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека СДСМ се обидува да ја наметне „Алта банка“ како афера, додека сериозните прашања за финансиските текови од минатото остануваат без одговор. Владечката партија потсети дека единствените „испрани“ пари во Македонија биле трансферите преку Венецуела во Еуростандард банка во времето на Филипче и Заев.

  • „110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.  Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството“ рече Бране Петрушевски – Заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Савески претходната недела изјави дека српските обвинители досега не побарале информации или помош од македонските колеги. Според него, сè уште е рано за конкретни чекори, но доколку се утврди потреба од кривична истрага, обвинителството ќе постапи и во случајот со „Алта банка“.