Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Прилози

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Алта Банка Битола нема да оди во стечај. Владата ќе најде купувач,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алта Банка Битола нема да оди во стечај. Владата ќе најде купувач, друга банка или финансиска институција која ќе го преземе работењето и клиентите. Премиерот Мицкоски вели дека нема да се остварат црните сценарија на опозицијата банката да пропадне. Тој уверува дека станува збор за здрава финансиска институција и дека простор за паника нема. Уште еднаш нагласи дека има многу заинтересирани купувачи за мнозинскиот пакет од 95% од акциите.

„Голем оптимист сум дека ќе имаме финансиска институција, банка, која ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката. Тоа е многу важно и за доверителите и за луѓето кои имаат некаква релација со банката“ – рече Мицкоски.

Гувернерот Славески во петокот рече дека постојат шест заинтересирани купувачи на акциите на Алта Банка Битола. Дел од нив се банки, а другите финансиски друштва. Со неколку веќе беа одржани состаноци. Во моментов треба да се почека 10 дена колку што трае рокот во кој српската Народна банка може ако сака да ги отуѓи акциите на Алта банка Белград. Доколку одговорот е негативен, процедурата ја презема Народната банка. Планирано е аукцијата на акциите на Македонска берза да се случи кон крајот на месецов или почетокот на следниот.

Реклама

Народната банка од денеска ги ублажи ограничувањата што ги воведе пред една недела, кога воведе привремена администрација во битолската банка. Неделниот лимит за подигнување готовина од банкомат и за плаќање со картичка во продавници се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. Веќе функционираат и две експозитури во Тетово и Струмица. Народната банка организира и автобуски превоз од Охрид, Ресен и Прилеп до Битола за оние што немаат банкарски картички да можат од шалтер да подигнат 20 илјади денари. Банката им исплати пари на 360 граѓани од овие три града, а просечниот износ што клиентите го подигнувале во изминатите денови бил меѓу 16.000 и 19.000 денари. Наредните плати и пензии што ќе им стигнат на клиентите на Алта банка Битола, ќе можат да ги подигнуваат во целост без ограничување.