Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Македонската заедница во Австралија го прослави Митровден и храмовата слава во Волонгонг

Со свечена света божествена литургија, осветување на славските колачи и празнична културно-уметничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена света божествена литургија, осветување на славските колачи и празнична културно-уметничка програма, македонската православна заедница во Волонгонг, Австралија, го прослави празникот Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден, и храмовата слава на истоимениот храм.

На прославата на 8 ноември присуствуваа голем број верници од Волонгонг, регионот Илавара, Сиднеј и други делови на Австралија, кои се собраа заеднички да го одбележат празникот и да се поклонат на честицата од моштите на светиот Димитриј, соопшти Австралиско-сиднејска епархија на МПЦ – ОА.

Чествувањето започна во предвечерието на празникот, на 7 ноември, со вечерна богослужба, а продолжи следниот ден со утрена богослужба и света божествена литургија, предводена од отец Гаврил (Галев) од манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн, во сослужение со старешината на храмот, протојерејот Борислав Лазов, и пензионираниот свештеник отец Климент Џепароски.

Реклама

Во празничното слово, отец Гаврил го истакна значењето на духовното преобразување на секој православен верник и следењето на примерот на светителите, кои се застапници и молитвеници пред Бога на патот на спасението.

По литургијата беа осветени славските колачи, по што следуваше празничен ручек и културно-уметничка програма.

На прославата присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австралија, Стојанче Китаноски, како и претставници на повеќе македонски црковни општини од Мелбурн, Сиднеј и Њукастел.

Во поздравното обраќање, заменик-претседателот на Австралиско-сиднејската епархија, Дејан Змејкоски, ја истакна важноста од единството и сплотеноста на македонскиот народ во Австралија, како и од зачувувањето на верата, традициите, јазикот, културата и националниот идентитет далеку од татковината.

Тој ги пренесе поздравите од членовите на Управата и верниците на храмот „Свети великомаченик Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, посочувајќи дека црковните општини под Австралиско-сиднејската епархија бележат развој и дека е важно заедничките успеси да продолжат да се надградуваат.

Амбасадорот Китаноски, кој неодамна ја презеде функцијата, порача дека ќе се труди да биде близу до македонските иселеници и дека Амбасадата ќе биде отворена за сите наши граѓани во Австралија. Тој им ја честиташе храмовата слава на црковната управа и верниците и им се заблагодари за нивниот придонес во зачувувањето на врските со Македонија.

Во знак на благодарност за присуството, претседателот на црковната општина, Петар Лозенковски, на амбасадорот му врачи плакета.

На настанот се обрати и претседателот на Црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ од Њукастел, Сашо Стојчевски, а присуствуваа и секретарот на Епархискиот управен одбор, Александар Младеновски, како и претставници на црковните општини од Рокдејл и Силванија.

Од Црковната општина „Свети великомаченик Димитриј Солунски“ истакнуваат дека прославата била можност македонската заедница од различни делови на Австралија да се собере на едно место, во духот на верата, братската љубов и заедништвото.

– Нивното присуство претставуваше посебна чест и радост за нашата црковна заедница, сведочејќи за единството, братската љубов и заедништвото што нè поврзуваат во верата и во нашата македонска православна традиција, посочуваат од Македонската православна црковна општина „Свети Димитриј Солунски“.