Реклама

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Македонија

Филков: ЗНАМ стои зад ставот дека според Уставот и важечките закони правосудниот испит може да се полага само на македонски јазик

Согласно Уставот и важечките закони во Македонија, правосудниот испит може да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно Уставот и важечките закони во Македонија, правосудниот испит може да се полага исклучиво на македонски јазик. Во моментов не постои законска можност за полагање на друг јазик, изјави на прес-конференција Игор Филков, претседавач на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и  министер за правда до јуни годинава. 

Како што рече, во ЗНАМ се доследни и принципиелни на ставот што тој го застапуваше уште како министер и дека сè уште стои зад истиот став.

-Во моментов нема можност за полагање на друг јазик според Уставот и законите на Република Македонија. Да почекаме да се изнајде решение, да го видиме, потоа ќе разговараме, изјави  Филков.

Реклама

Како што рече, не се работи дали е тој против или за и дека не се противи „никој да полага на оној јазик којшто е овозможен согласно законите и Уставот“, а од медиумите дознал за т.н. хибридно решение. 

-Но она што мене ме загрижува е тоа што ваквото хибридно решение, да го наречеме така, беше ад акта одбиено од оние коишто се бунат и се противат да полагаат на јазикот кој утре  треба да се употребува во сите оние институции каде што планираат да работат како судии, адвокати, обвинители и слично.
Тоа е повеќе од загрижувачко, додаде Филков.