Реклама

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Македонија

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет, патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации иполитичките конструкции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и
политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски.

Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација, се наведува во соопштението на Движењето ЗНАМ.

Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски.

Реклама

Во 2017 година, пред локалните избори, Димитриевски се откажа од пратеничкиот мандат и без политички калкулации влезе во изборната битка за градоначалник на Куманово. Не си остави резервна позиција во Собранието доколку ги изгуби изборите.

Наспроти тоа, дел од тогашното раководство на СДСМ, кандидати за градоначалници, ги задржаа пратеничките мандати како сигурна алтернатива.Токму тука е разликата во политичкиот пристап и одговорноста.

Патриотизмот не се мери со навреди, туку со одлуки, постапки и преземена одговорност.

Нашиот став за правосудниот испит е јасен: тој треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите. Македонскиот јазик не е предмет на политички пазарења и коалициски калкулации. ЗНАМ е подготвен за разговори со владините партнери, но нема да отстапи од своите принципи.

Истиот принцип го застапуваме и во однос на евроинтеграциите. Македонија сака членство во Европската Унија, но не прифаќа постојани еднострани отстапки кон Бугарија без реципроцитет. Нашиот предлог за одложено дејство на уставните измени останува на маса.

Очекуваме почитување на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во однос на обвинувањата на СДСМ за наводни средби, лобирања и поврзаност со Алта банка, бараме да се соопштат конкретни докази, факти и документи.

Доколку постојат докази за незаконско постапување, надлежните институции треба да постапат. Сериозни обвинувања не смеат да бидат средство за дневнополитичка пресметка.

ЗНАМ не отвора прашања за македонскиот јазик за да му обезбеди алиби на кого било, туку затоа што тоа е прашање од суштинско значење за државата.

А што се однесува до наводниот пад на рејтингот на ЗНАМ, потсетуваме дека во 2024 година, кога дел од аналитичарите ни предвидуваа поддршка од околу 1 процент, граѓаните ни дадоа 56.232 гласа, 5,59 проценти и шест пратенички мандати.
Тоа се официјални изборни резултати, а не нечии проценки.

Според интерната анкета на Движењето ЗНАМ, актуелната поддршка за партијата е над 4,5 проценти, што одговара на приближно 50.000 до 55.000 гласови доколку изборите би се одржале денес.

ЗНАМ нема да ги менува своите принципи според дневнополитичките потреби, нема да тргува со македонскиот јазик и нема да прифаќа еднострани отстапки без реципроцитет.

Македонија не е предмет на политички пазар.
Таа е наша одговорност и обврска.
Патриотизмот се докажува со дела, со став и со подготвеност да се преземе одговорност за државните интереси.