Реклама

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а Алта банка е увезен проблем

– Секој ден се повеќе СДСМ личи на расипана грамофонска плоча за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Секој ден се повеќе СДСМ личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на СДСМ.

Така да, ова е уште една лага на СДСМ и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава. Таквата саботажа на СДСМ, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните.

Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал. Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени.

Реклама