Реклама

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Македонија

Средба Ѓурѓај – Ѓорѓевиќ: Унапредување на соработката на Македонското друштво “Илинден“-Тирана со Европскиот центар за прашања на малцинствата

Правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата (ЕЦМИ). Тоа биле во фокусот на средбата на Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана,  со д-р Љубица Ѓорѓевиќ, виш истражувач и раководител на Одделението за правда и владеење при Европскиот центар за прашања на малцинствата (ЕЦМИ). Средбата се остварила во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн, посветен на зајакнувањето на општествената кохезија и заштитата на правата на малцинствата во Западен Балкан, објави македонскиот весник „Илинден“. 

-За време на средбата беа разгледани состојбата и остварувањето на правата на националните малцинства, со посебен акцент на македонското национално малцинство во Република Албанија. Посебно внимание беше посветено на можностите за воспоставување и натамошно унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата, како и на можностите за размена на искуства и заеднички активности во областа на заштитата на правата на националните малцинства, се наведува во објавата.

По повод средбата, Никола Ѓурѓај на д-р Љубица Ѓорѓевиќ и подарил примерок од македонскиот весник “Илинден“, наменет за библиотеката на Европскиот центар за прашања на малцинствата.

Реклама

-Средбата претставуваше значајна можност за размена на мислења и искуства, зајакнување на меѓусебното разбирање и поттикнување на идната соработка, се додава за средбата објавена и на фејсбук профилот на Ѓурѓај.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана продолжува со своите активности насочени кон заштитата и афирмацијата на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, зачувувањето на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, културата и традицијата, стои во објавата. вг/

Фото: Македонски весник “Илинден”