Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Економија

Министерството за финансии: Европската комисија го нотира напредокот во спроведените реформи во управувањето со јавните финансии

Европската комисија во извештајот за напредокот на земјата нотира позитивни движења во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија во извештајот за напредокот на земјата нотира позитивни движења во макроекономските показатели, како и активности за унапредување на управувањето со јавните финансии, спроведувањето на Законот за буџетите и зајакнувањето на системите за финансиска контрола – велат од Министерството за финансии.

– Во делот на макроекономските движења, извештајот посочува дека eкономскиот раст се забрза во 2025 година, поттикнат од силните инвестиции и приватната потрошувачка. Резултатите беа особено добри во градежништвото и во ИКТ-услугите, што делумно се должи на интензивирањето на јавните работи на патната инфраструктура, а приватните инвестиции имаа корист од корпоративните кредити субвенционирани од Владата – оценува ресорното Министерство.

Во соопштението од Министерството се наведува дека позитивни движења се забележуваат и кај показателите за јавниот долг, кој на крајот на 2025 година бележи намалување од два процентни поени во однос на претходната година.

Реклама

Во однос на фискалните движења, како што посочува Министерството, Европската комисија констатира дека буџетскиот дефицит во 2025 година изнесувал 4 отсто од БДП во согласност со планираното.

 – Во насока на имплементација на Законот за буџетите, како што се нотира во извештајот, донесени се повеќе подзаконски акти со кои се создаваат услови за понатамошно унапредување на буџетскиот процес и управувањето со јавните средства. Донесена е фискалната стратегија со среднорочни проекции. Дополнително, подготвена е и стратегијата за управување со јавниот долг со среднорочни проекции, со што се унапредува транспарентноста, се зајакнува предвидливоста и се овозможува поефикасно справување со предизвиците што произлегуваат од надворешното економско окружување – се наведува во соопштението.

Министерството посочува дека позитивно се оценети и напорите да се развие посистематски пристап кон оценувањето и приоритизацијата на проектите, вклучувајќи и подобро следење на распределбата на буџетот и усогласување со стратешките приоритети.

– Европската комисија го нотира и напредокот во воспоставувањето и унапредувањето на системот на јавна внатрешна финансиска контрола. Во таа насока, донесени се два подзаконски акта за спроведување на Законот за јавната внатрешна финансиска контрола, а воведена е и нова методологија за идентификување, известување и следење на оперативните и стратешките ризици. Според извештајот, до крајот на 2025 година 76 отсто од буџетските корисници на централно ниво имале воспоставено системи за управување со ризици во согласност со новата методологија – велат од Министерството.

Додаваат дека се посочува и улогата на Централната единица за хармонизација во обезбедувањето методолошки насоки и координацијата на системот на јавна внатрешна финансиска контрола. Реформите во оваа област се вградени и во програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2025 – 2028 година, велат од Министерството.

– Во рамките на реформската агенда, Европската комисија заклучно со јуни 2026 година исплатила 142,1 милиони евра, вклучително и средствата од претфинансирањето. Тие се однесуваат на повеќе значајни области, меѓу кои дигиталната трансформација, унапредувањето на финансиската контрола, подоброто управување со претпријатијата во државна сопственост и подобрувањето на квалитетот на образованието. Министерството за финансии продолжува со активностите за модернизација на системот на јавни финансии, зајакнување на финансиската контрола и унапредување на управувањето со јавните средства. Целта е обезбедување поголема транспарентност, отчетност и ефикасност во користењето на јавните ресурси, како и одржливост на јавните финансии и забрзување на усогласувањето со европските стандарди – потенцира Министерството за финансии.