Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Економија

Проширени капацитетите на детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

– Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со министерот за социјална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, пратеничката Драгана Бојковска, како и претставници на јавните установи и Советот на Општината, ги посети новоуредените простории во детската градинка „Гоце Делчев“ и новоотворениот шалтер за социјална работа во општинската зграда. При посетата беа разгледани двете нови занимални, што се уредени со реконструкција и пренамена на просториите на поранешната кујна, по изградбата и ставањето во функција на новата централна кујна. Со реализацијата на проектот се создадени современи, безбедни и функционални услови за престој, воспитување и развој на најмладите, и истовремено, капацитетот на градинката е проширен за дополнителни 50 места, со што вкупниот капацитет е околу 650 деца, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

– За време на посетата беше разгледан и новиот повеќенаменски простор, уреден и опремен во поткровниот дел на централната кујна, наменет за потребите на стручниот, воспитно-згрижувачкиот кадар и останатите вработени во градинката. Просторот овозможува подготовка на дневните воспитно-образовни активности, планирање и реализација на проекти од значење за установата, како и активности за одмор и унапредување на психофизичката благосостојба на вработените по завршување на работните обврски – се додава во соопштението.

Градоначалникот Георгиевски истакнал дека инвестициите во проширување на капацитетите на градинката и подобрување на условите за работа на вработените се од особено значење за развој на општината и обезбедувањето квалитетни услуги за најмладите жители и нивните семејства.

Реклама

– Работната посета опфати и разгледување на новоотворениот шалтер за социјална работа во просториите на Општина Илинден, во присуство на директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, Хамза Амети. На шалтерот во општината, секој вторник и четврток, граѓаните ќе имаат пристап до услугите поврзани со прием, администрирање и обработка на барањата за остварување права од областа на социјалната и детската заштита во рамки на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје, без потреба да патуваат до надлежните институции во Скопје – се додава во соопштението.

Општина Илинден, како што се истакнува, останува посветена на создавање подобри услови за раст и развој на најмладите, континуирано унапредување на предучилишните установи и приближување на социјалните услуги до граѓаните.

– И во иднина ќе продолжат инвестициите и активностите насочени кон поквалитетна детска заштита, поголема достапност на јавните услуги и подобрување на квалитетот на живот на сите жители на општината – порачаа од Општина Илинден.