Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Економија

Се гради нов резервоар за вода за пиење во штипската населба Каваклија

Почна изградбата на нов резервоар за вода за пиење во населбата Каваклија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна изградбата на нов резервоар за вода за пиење во населбата Каваклија во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изврши увид во градежните работи и истакна дека со изградбата на овој резервоар ќе се подобри водоснабдувањето во населбата Каваклија, но и околните населби кои се во високата зона на градот Штип. Посочи дека станува збор за инвестиција на Општината во износ од 12 милиони денари. 

– Во втората половина на 2027 година во функција ќе биде ставен новиот резервоар со нови водоводни линии. Со новиот резервоар  во Каваклија и резервоарите во населбите  Пребег и Мери, капацитетот на градот за водоснабдување ќе се зголеми двојно. Со ова се решава повеќедеценискиот проблем на Штип со водоснабдувањето на високите зони и се овозможува иднo планирање за развој на градот – изјави Јорданов.  

​Тој посочи дека проектот овозможува урбанизација на делови од градот кои досега не биле урбанизирани.  Градоначалникот на општина Штип, Јорданов на денешната прес-конференција најави дека наредните денови ќе ги посети сите населби и ќе има средба со граѓаните на Штип, а има цел да ги утврди кои се нивните приоритетни проекти за наредната 2027 година.