Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на Алта банка без платежни картички во Битола

Од утре, 5 ноември, граѓаните што имаат платежни сметки во Алта банка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од утре, 5 ноември, граѓаните што имаат платежни сметки во Алта банка АД Битола, а немаат платежни картички, ќе може да ги подигнуваат своите средства на шалтерите во главната филијала на банката во Битола, информира Народната банка.

За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, наменети за исплата на готовина, особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку сметки во банката.

Граѓаните ќе може да подигнат најмногу 20.000 денари, колку што изнесува максималниот дозволен износ за повлекување во период од две недели.

Реклама

Од 6 ноември, вклучително и в сабота, 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се опслужат што поголем број клиенти.

Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови, според однапред утврден распоред. Граѓаните ќе добијат СМС-порака со информација за денот и часот кога треба да дојдат во филијалата.

Народната банка апелира граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата пред определеното време или во деновите кога не се повикани за да се избегнат метеж и подолго чекање. За оние што нема да може да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.

Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина и нема да се вршат други видови трансакции.

Во тек се и подготовките за отворање шалтери за пензионерите и примателите на социјална помош во други градови во земјата за што Народната банка дополнително ќе информира.