Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Проф. Вангелов: Мора да ја прекинеме врската меѓу историските и идентитетските барања и пристапувањето и да обезбедиме условени уставни измени

Мора да ја прекинеме врската меѓу историските и идентитетските барања и пристапувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мора да ја прекинеме врската меѓу историските и идентитетските барања и пристапувањето за да спречиме нивно повторно внесување и да обезбедиме условени уставни измени со правна можност за повлекување на нивните ефекти. Целта е да се отстрани договорената основа за ваквото условување и да се зголеми политичката цена на обновените блокади – истакна денеска професорот Огнен Вангелов од Универзитетот Американ Колеџ – Скопје зборувајќи за „Институционално наслојување и конверзија: бугарската политика на негирање во пристапувањето на Македонија кон ЕУ“ на научниот собир „Негирањето на македонскиот јазик и македонската нација како форма на политички говор на омраза“. 

Вангелов, кој е поранешен член на заедничката историска комисија со Бугарија, вели „Македонија може да ги отвори архивите, да учествува во историската комисија и да ги заштитува правата на Бугарите според европските стандарди, а Софија и натаму да го блокира пристапувањето затоа што македонските институции не ги потврдиле нејзините тврдења за историјата и идентитетот“.

– Во секоја област, Софија очекува македонските институции да потврдат нејзина позиција: за бројноста на заедницата, историското образование, експертските заклучоци, јавните прикази или архивите. Кога резултатот не го исполнува тоа очекување, истото барање може повторно да се постави како неисполнета обврска. Наслојувањето го воспоставува институционалниот пат, а конверзијата ја менува функцијата на соработката и оценувањето. Уставното наведување на Бугарите би отстранило една пречка, но би го оставило механизмот за нови услови и би можело да обезбеди дополнителна основа за историски барања – предупредува професорот. 

Реклама

Во својот труд тој анализира како бугарските барања за македонската историја и идентитет се претвораат во обврски чие исполнување се следи во пристапувањето кон Европската Унија. Основното прашање е, нагласува Вангелов, како бугарските барања за прифаќање на нејзините тврдења за македонската историја и идентитет стануваат услови за пристапување кон ЕУ.

– Договорот за пријателство од 2017 година воспоставува историска комисија за експертска работа и меѓувладина комисија за следење на договорното спроведување. Не пропишува дека македонските експерти мора да ги прифатат бугарските историски заклучоци. Бугарската влада во Рамковната позиција од 2019 година, меѓутоа, поставува конкретни барања за историски личности, образовни содржини и јавно претставување на минатото. Барања од овој едностран документ потоа се транспонираат во Вториот протокол, потпишан од двете држави во 2022 година во рамките на меѓувладината комисија. Протоколот додава детални активности и постапки за историски препораки, архиви, наводен говор на омраза и културно финансирање, кои Договорот не ги пропишува. Ова проширување се претставува како негово спроведување. Затоа приговорите против бугарските историски барања можат да се претстават како одбивање да се исполни веќе преземена обврска. Политичката позиција добива договорна форма, со рокови, извештаи и оценување резултати – потенцира професорот Вангелов.

Конверзија се појавува, посочува тој, кога историската комисија, создадена за научна расправа, се користи за да се издејствуваат заклучоци што ги очекува бугарската влада. – Телото формално останува експертско, но неговата работа се оценува според политички пропишан исход. Со наслојувањето се додаваат нови правила и постапки во постојната институционална рамка. Со конверзијата, постојните механизми се пренасочуваат кон поинаква цел – објаснува Вангелов. 

 За овие билатерални барања да добијат последици врз пристапувањето, важна е промената од 2022 година. Член 2 од Договорот, продолжи тој, веќе предвидува бугарска помош во подготовката за членство. Преговарачката рамка, пак, како што рече проф. Вангелов, го внесува спроведувањето на Договорот, со годишните прегледи и мерките според член 12, во оценувањето на пристапниот напредок. ЕК известува за спроведувањето, а оценката се поврзува со следните преговарачки чекори.

– Со тоа Софија може незадоволството од резултатите на историската комисија повторно да го поставува пред европските институции како наводно неисполнување на билатералните обврски. Македонија може да учествува во договорената работа, а сепак да биде обвинета за неспроведување затоа што не ги прифатила бугарските позиции – рече тој. 

Во однос на државјанствата и припишувањето идентитет, бугарските барања за малцинска заштита најнапред се засноваат врз спорно определување на бројноста на заедницата. – На пописот од 2021 година, 3.504 резиденти се изјасниле како Бугари. Бугарскиот претседател Радев во 2024 година, пак, наведува најмалку 120.000 граѓани на Македонија што добиле бугарско државјанство врз основа на потекло. Документите за државјанство покажуваат што кандидатите изјавиле и што бугарските власти прифатиле за негово доделување. Не ја утврдуваат етничката припадност што тие ја изразуваат во Македонија. Етнографските истражувања на Неофотистос и Христова документираат Македонци што стекнуваат бугарски документи за мобилност и економски можности, а го задржуваат македонското самоопределување – наведува проф. Венгелов. 

Кога пописот не ја потврдува бројноста што ја тврди Софија, таа го претставува несовпаѓањето како доказ дека Македонија го потиснува бугарското самоопределување, па, така, објаснува професорот, заштитата на правата се оценува според тоа дали македонските институции обезбедиле резултат што ги потврдува бугарските бројки. – Ова создава основа за нови барања и откако Бугарите би биле наведени меѓу заедниците во Преамбулата на Уставот – рече проф. Вангелов.

Слично проширување, вели тој, се појавува кај историското образование. – Софија ја поистоветува „заедничката историја“ до 1944 година со бугарска историја и го оспорува прикажувањето на самостоен македонски национален развој. Последиците ги засегаат учебниците, музеите и комеморациите во целина. Гоце Делчев и Григор Прличев се два од многуте примери. Софија го определува револуционерот Делчев како бугарска историска личност. Затоа учебник или музеј што го претставува како централна личност во македонската историја може да се соочи со барање за измена. Кај поетот Прличев, барањето би било тој да биде претставен првенствено како Бугарин, а неговото дело да се толкува во таа национална рамка – наведе проф. Вангелов. 

Овие примери, потенцира тој, покажуваат што конкретно би се менувало, а не ги исцрпуваат споровите. – Софија може да тврди и дека македонското претставување на таквите личности ги лишува Бугарите од нивното наследство. По нивното наведување во Преамбулата, истиот историски приговор би добил дополнително образложение како заштита на уставно наведена заедница, независно од согласноста или несогласноста во историската комисија – рече проф. Вангелов. 

Во однос на историската комисија и пропишаниот исход, Вангелов рече дека таа комисија е составена од експерти на двете држави, со задача да толкуваат историски настани врз основа на автентични извори и докази. Таквата расправа, предупредува тој, може да заврши со аргументирано несогласување.

– Рамковната позиција однапред бара конкретни историски резултати, а Протоколот предвидува осум до десет состаноци годишно и очекување препораките да се применат во образованието пред членството. Кога несогласувањето се прогласува за недоволен напредок, од македонските експерти практично се бара да произведат исход што ќе ја задоволи Софија. Бугарските претставници притоа ги обвинуваат македонските колеги за политичка зависност, додека заклучоците пропишани од сопствената влада ги бранат како независна наука. Ова има и пристапен преседан: во ноември 2020 година, тогашната бугарска министерка за надворешни работи Захариева ја образложи блокадата со недоволни резултати од работата на историската комисија и со тоа што предложената рамка не ги одразувала бугарските барања – нагласи проф. Вангелов. 

За оправдувањето на овој притисок, смета тој, е важен Објаснувачкиот меморандум што Бугарија во 2020 година го достави до европските партнери. – Во него македонската нација и јазик се претставуваат како производ на инженеринг под југословенскиот комунизам и на фалсификување на бугарското минато. Ваквото дискредитирање на националната припадност го анализирам како политички говор на омраза: ја делегитимира заедницата и го оправдува притисокот за преобликување на нејзиниот идентитет – нагласи проф. Вангелов.  

Истовремено, додава тој, се врши и замена на тезите. – Приказите на одговорноста на военовремената бугарска држава за окупацијата и Холокаустот се означуваат како омраза кон Бугарите иако е јасно дека утврдувањето одговорност на државни институции не припишува колективна вина на народот. Бришењето на таа разлика овозможува барања за промена на учебници, натписи и музејски поставки. Протоколот обезбедува дипломатско следење на наводен говор на омраза и известување за преземените мерки. Предвидува и мерки за запирање и враќање јавни средства за културни активности. Така, притисокот за историска ревизија се претставува како исполнување европски обврски за борба против омразата – посочува Вангелов. 

Истиот Меморандум, наведува професорот, тврди дека во Македонија имало над 20.000 погубувања во 1944–1946 година и над 100.000 бугарски жртви во пошироки категории. – Не наведува архивски извори и пресметки за овие вкупни бројки. Трудот го проследува нивното појавување во претходни публикации, каде што износите, периодите и категориите се менуваат без прикажана доказна основа. Овие бројки ги отфрлаат бугарските историчари Стефан Дечев и Чавдар Маринов, а ги оспорува и колективна декларација на бугарски историчари и други научници. Иронијата е што документот кој обвинува за фалсификување самиот претставува фабрикувани бројки како архивска вистина. Воедно, индивидуален пристап до досиејата постои од 2000 година, а девет тома документи се објавени во 2016 година. Ограничувањата на одделни записи не докажуваат прикривање – посочува Вангелов. 

Објавениот материјал, потенцира тој, не ги потврдува бугарските бројки. – Софија сепак може да го претставува тоа како доказ дека релевантни документи се прикриваат и да бара нови пребарувања. Така, Македонија би била обвинета дека крие документи затоа што достапните архиви не ги потврдуваат бугарските тврдења. Наместо да ги преиспита сопствените бројки, Софија би можела да го блокира пристапувањето сè додека Македонија не произведе докази за нивната наводна точност – рече проф. Вангелов.