Министерот за здравство Сашо Клековски објави дека се сретнал со д-р Роберто Дијаз, сениор медицински директор на Центарот за истражување и лекување на рак „Мофит“ од Тампа, САД.
На средбата присуствуваше и д-р Игор Стојковски, директор на Клиника за радиотерапија и онкологија. Разговаравме за поддршка на Националниот план за контрола на ракот, воведување нови методи во лекувањето
едукација на здравствениот кадар. Moffitt Cancer Center е една од водечките онколошки установи во Флорида и САД. Има статус на NCI Comprehensive Cancer Center, највисоката ознака на Националниот институт за рак на САД, објави Клековски на својот фејсбук профил.

