Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Кос: Македонија меѓу кандидатите со највисока усогласеност со европското законодавство, но остануваат уставните измени

Македонија ја подобри својата подготвеност за членство во Европската Унија и е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ја подобри својата подготвеност за членство во Европската Унија и е меѓу земјите кандидати со највисоко ниво на усогласеност со европското законодавство, но за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер „Темели“ треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои се предвидува вклучување на малцинствата во Уставот, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос на прес-конференцијата во Брисел по повод презентацијата на Пакетот за проширување за 2026 година.

Кос оцени дека земјата во последниот период ги забрзала реформите во рамките на Планот за раст и вложува значителни напори за подобрување на подготвеноста за членство во ЕУ. Сепак, таа посочи дека се очекува дополнителен напредок во борбата против корупцијата и спроведувањето на реформата на јавната администрација.

– Во однос на усогласеноста со законодавството на ЕУ, Северна Македонија е меѓу земјите со највисоко ниво на подготвеност. За да ја деблокира следната фаза од пристапните преговори и да го отвори кластерот „Темели“, односно првиот кластер, земјата треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година со ЕУ, кои се однесуваат на вклучувањето на малцинствата – изјави Кос.

Реклама

Таа нагласи дека без исполнување на овој услов Европската комисија не може да му предложи на Советот на ЕУ почеток на преговори.

– Сè уште е повлечена рачната сопирачка на пристапните преговори на Северна Македонија – рече Кос, посочувајќи дека политичките одлуки се клучни за напредокот на секоја земја кандидат.

Во однос на другите земји од регионот, Кос оцени Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина се предводници во проширувањето.

За Црна Гора рече дека е најблиску до членство во ЕУ, со јасно утврден пат кон потпишување на пристапниот договор до следното лето.

Албанија, пак, ги отворила сите преговарачки кластери за нешто повеќе од една година, а следниот предизвик е да го задржи темпото преку забрзување на реформите.

За Молдавија, еврокомесарката истакна дека постигнала значителен напредок и покрај невидените надворешни притисоци, дека ги исполнила условите за отворање на сите преостанати преговарачки кластери и дека сега е неопходно да се засилат спроведувањето на реформите и борбата против корупцијата.

Украина, според Кос, продолжува со сеопфатни реформи и покрај руската агресија, а Европската комисија очекува до крајот на годината да бидат отворени сите преостанати преговарачки кластери. Таа нагласи дека реформскиот напредок на земјата во воени услови заслужува посебно признание.

Еврокомесарката изјави дека Босна и Херцеговина, заостанала на европскиот пат и оти по изборите има можност да ја обнови посветеноста на реформите и да напредува кон отворање на пристапните преговори.

За Косово, таа посочи дека политичката стабилност е неопходна за придвижување на европскиот процес, предупредувајќи дека измените на законодавството за специјализираните совети може да го блокираат напредокот.

Во однос на Србија, Комисијата констатирала назадување во основните области, особено во однос на основните права, слободата на изразување, јавната администрација и академската слобода, и покрај високото ниво на усогласеност со законодавството на ЕУ.

Грузија, како што посочи Кос, фактички го запрела пристапниот процес по сериозното демократско назадување, додека Турција останува земја кандидат и стратешки партнер, но условите што доведоа до застој во преговорите и натаму се присутни.

Осврнувајќи се на вкупните резултати од процесот, Кос оцени дека проширувањето постигнало повеќе резултати отколку во кој било период во изминатите 25 години. Само во текот на оваа година биле отворени или затворени 61 преговарачко поглавје, а до крајот на годината остануваат уште повеќе од 30.

Таа истакна дека постигнатите резултати не се заслуга само на земјите кандидати и Европската комисија, туку и на земјите членки кои го поддржале секој чекор од пристапниот процес.

-Ова не е достигнување само на земјите кандидати, ниту само на Европската комисија, туку и на земјите членки кои го поддржаа секој чекор од пристапниот процес. Тоа е нашиот заеднички успех – порача Кос.

Според неа, разликите во напредокот меѓу земјите кандидати покажуваат дека политичката волја и конкретните одлуки се одлучувачки за темпото на пристапување, а реформите остануваат основниот услов за напредок кон членство во ЕУ.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пак, порача дека поголема ЕУ значи зајакнување на европската безбедност, зголемување на геополитичката тежина на меѓународната сцена и нови можности за економиите/

Таа посочи дека безбедносната состојба во Европа значително се влошила во изминатата година, со зголемување на воените конфликти, стратешката конкуренција, економската неизвесност и саботажите насочени против Европа.

-Нашата сила е во бројноста. Поголема Унија значи и зајакнување на безбедноста на Европа- рече Калас, нагласувајќи дека извештајот испраќа јасна порака дека реформите носат резултати и дека членството станува поблиску за земјите што остваруваат напредок.

Таа истакна дека за првпат се воведуваат патокази за пристапните преговори со Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина, додека безбедносната димензија на проширувањето добива посебно поглавје, со оглед на придонесот на земјите кандидати во заштитата на европските граници, мисиите на ЕУ и спротивставувањето на странските манипулации со информации.

– Со децении, проширувањето е најуспешната надворешнополитичка политика на ЕУ. Секој бран на проширување го зајакнуваше нашиот континент, а денешната геополитичка реалност го прави следниот бран на проширување уште поитен – порача Калас.