Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Серафимовски: Институциите подготвени за навремен почеток и инспекциски надзор на откупот на тутунот

Институциите се подготвени за навремен почеток на откупот на тутунот од овогодишната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институциите се подготвени за навремен почеток на откупот на тутунот од овогодишната реколта и за инспекциски надзор на постапката, нагласил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната средба со откупувачите, преработувачите и Сојузот на тутунски здруженија, која се одржала во Тутунскиот комбинат во Прилеп.

-Тутунот е стратешка култура за македонското земјоделство, а неговиот откуп е еден од законски најрегулираните процеси. За оваа реколта очекуваме просечната откупна цена да надмине 420 денари за килограм – истакнал Серафимовски.

Како што информираат од МЗШВ, откупувачите потврдиле дека се подготвени непречено да го започнат откупот на родот, кој се проценува на 26 до 27 милиони килограми, а министерот Серафимовски најавил дека тутунарите, покрај приходот од продажбата, може да очекуваат и државна поддршка од 80 денари по килограм за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа.

Реклама

-Државниот инспекторат за земјоделство е подготвен со инспекциски надзор да ги опфати сите 317 откупни пунктови на десетте регистрирани компании-откупувачи на тутун – порачал на средбата директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.