Реклама

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Македонија

ВРЕДИ: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка

Оваа недела во регионот се затвори едно поглавје. На 25 октомври Александар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа недела во регионот се затвори едно поглавје. На 25 октомври Александар Вучиќ ги изгуби изборите во Србија.

Шест дена подоцна, Народната банка на Србија ја одзеде дозволата на Алта банка, банката на неговиот близок соработник Давор Мацура, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Денес сакаме да кажеме две работи јасно. Прво: проектите на Вучиќ во Македонија доаѓаа со поддршка од ДУИ. ДУИ сега вика „српски свет“. Но фактите покажуваат кој му ја отвори вратата:

Реклама

Во јули 2021 година српската компанија МТЕЛ влегува на нашиот пазар. Тогаш ДУИ е во Владата, а Бујар Османи е министер за надворешни работи.

Османи имаше најмалку 11 средби со српски функционери. Записниците од тие средби до денес не се објавени. На 24 октомври 2024 година, АС Сењак, фирма на сватот на Али Ахмети, доаѓа до акции на Стопанска банка Битола од фирма поврзана со Сашо Мијалков.

На 9 јуни 2025 година, фирма во која АС Сењак е сосопственик подигнува кредит од 5 милиони евра од Алта банка Белград.

На 17 септември 2025 година акциите се продадени на Алта банка. Шест дена подоцна, општина водена од ДУИ му дава на АС Сењак два договори вредни 90 милиони денари.

Ова не е случајност. Тоа е синџир што од Белград води до ДУИ, а од ДУИ назад до Белград. Истата партија што им зборуваше на Албанците за патриотизам правеше бизнис со луѓето на Вучиќ.

Второ: паѓа Вучиќ, паѓаат и неговите сателити во ДУИ. Што се гради врз туѓа моќ, паѓа заедно со неа. Вучиќ ја изгуби власта, а Алта банка остана без дозвола. Сега се отвораат тајните во Белград, а со нив и сметките.

ВРЕДИ го кажува ова уште од септември 2025 година. Документите ги доставивме до Државната комисија за спречување на корупцијата. Али Ахмети и ДУИ молчат веќе 13 месеци. Тој молк сега нема да им помогне.

Затоа бараме:

Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство итно да ги истражат трансакциите на АС Сењак со Мијалков и со Алта банка, кредитот од 5 милиони евра и тендерите од општините на ДУИ.

Надлежните институции да побараат податоци од српските органи за сите врски на Алта банка со фирми од Македонија. ДУИ да ги објави записниците од средбите на Османи и Ахмети со Вучиќ и со српски функционери.

Али Ахмети лично да објасни зошто фирмата на неговиот сват купувала од Мијалков, се задолжила кај Алта и продавала на Алта. Албанците во Македонија заслужуваат политика што не се продава на Белград. Вучиќ падна. Редот е на неговите сателити.