Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода пет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит и тоа: Н.И.(41) од с.Сарај, скопско, 16-годишник од с.Танушевци, скопско и И.Г.(29) од с.Богородица, гевгелиско. Со забрана за управување на моторно возило возел В.Н.(22) од с.Грчец, скопско. Додека, под дејство на алкохол возел Е.М.(45) од с.Дебреше, гостиварско.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – додаваат од МВР.

