Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Економија

Славески: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички со еднократно подигнување до 20.000 денари

Народната банка подготвува посебно решение за исплата на пензиите на околу 3.500…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка подготвува посебно решение за исплата на пензиите на околу 3.500 пензионери коишто примаат пензија преку АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички. Се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари преку шалтер, со цел да им се олесни пристапот до нивните средства. Истовремено, се бараат решенија и за компаниите коишто имаат средства во Банката, а треба да ги исплатат платите и да ги подмират обврските за даноци и придонеси. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Топ тема“ на ТВ „Телма“, информира Народната банка во соопштение.

Народната банка навремено реагираше со воведувањето привремена администрација во АЛТА банка АД Битола, како заштитна мерка со времетраење до три месеци, во согласност со законската регулатива. Тимот на Народната банка, којшто е присутен во Банката, континуирано ја следи состојбата и функционирањето на банкарските услуги, вклучително и на банкоматите. Посебно внимание се посветува на изнаоѓањето соодветни решенија за граѓаните коишто немаат платежни картички.

„Од вкупно 11.500 пензионери коишто примаат пензија преку Банката, околу 3.500 немаат платежни картички. За нив подготвуваме посебно решение за исплата преку шалтер. Целта е да им овозможиме полесен пристап до нивните средства, а јавноста ќе биде информирана веднаш штом ќе бидат утврдени сите потребни детали“, посочи гувернерот Славески.

Реклама

Во оваа насока се разгледува и можноста, исклучиво за пензионерите без платежни картички, да се овозможи еднократно подигнување до 20.000 денари, со цел да се избегнат повеќекратни посети на шалтерите и да им се олесни располагањето со средствата.

Во однос на работењето на правните лица коишто имаат сметки во АЛТА банка АД Битола, согласно со воведените мерки, тие можат да вршат внатрешни плаќања во рамките на Банката, кон сметките на други правни и физички лица, без ограничување на износот. Преносите на средства надвор од Банката се привремено ограничени.

„Народната банка ги разгледува и можните решенија за компаниите коишто имаат средства на сметки во Банката, а треба да ги исплатат платите на вработените и да ги подмират обврските за даноци и придонеси, имајќи предвид дека законскиот рок за нивно плаќање е до 15-ти во месецот“, истакна гувернерот. Тој посочи дека Народната банка континуирано ја следи состојбата, а воведените ограничувања ќе се разгледуваат во согласност со развојот на настаните. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите релевантни промени и донесени одлуки.

Во рамките на натамошните активности, Народната банка испратила известување до надлежниот регулатор во Србија, со барање во рок од три дена да се произнесе дали АЛТА банка а.дЧ Белград ќе ги понуди на продажба акциите во АЛТА банка АД Битола.

„Без разлика дали ќе добиеме одговор од регулаторот, по истекот на десет дена Народната банка ќе ги понуди акциите на АЛТА банка АД Битола на Македонската берза. Постои интерес од неколку потенцијални инвеститори, од земјата и од странство, за преземање на акциите на Банката. Постапката за евентуална продажба ќе се спроведе во согласност со законската регулатива и надлежностите на Народната банка. Целта е да се обезбеди избор на соодветен инвеститор којшто ќе ги исполнува законските и супервизорските критериуми за стекнување квалификувано учество и ќе придонесе за долгорочна стабилност и непречено работење на Банката“, истакна гувернерот.

Славески нагласи дека роковите за преземање на следните чекори се кратки, бидејќи брзината на постапување е особено важна за изнаоѓање соодветно решение за Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на интересите на клиентите и одржување на стабилноста на банкарскиот систем.