Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Економија

Тројца администратори од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата

Народната банка воведе тримесечна администрација во Алта банка АД Битола поради околности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка воведе тримесечна администрација во Алта банка АД Битола поради околности што може сериозно да ја загрозат нејзината солвентност, односно способноста да ги покрива обврските.

Со решението донесено на 1 ноември за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, кои ги преземаат надлежностите на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционерите, со исклучок на одлучувањето за зголемување на капиталот. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките во периодот на администрацијата.

Администраторите имаат рок од 21 ден да ја утврдат целокупната состојба во банката и да достават извештај до Извршниот одбор на Народната банка. Во текот на тримесечниот период тие ќе ја контролираат и исплатата на општите и на административните трошоци, кои ќе може да се реализираат само со нивно одобрение.

Реклама

Целта на привремената администрација, воведена со решение од 1 ноември, е банката да продолжи да работи, а средствата и интересите на штедачите и другите доверители да бидат заштитени до разрешување на сопственичката состојба.

Во периодот на администрацијата се воведени ограничувања на одливот на средства. За физичките лица е определен неделен лимит од 10.000 денари за готовински подигања и плаќања со картички издадени од банката кај трговци. Внатрешните плаќања од сметките на физичките лица кон други сметки во банката остануваат овозможени без ограничување на износот.

Правните лица ќе може неограничено да вршат внатрешни плаќања кон други физички и правни лица што имаат сметки во банката, но нема да може да префрлаат средства надвор од банката преку платните системи во земјата, ниту да подигаат готовина од банкоматите или шалтерите на банката.

Приливните плаќања од странство преку СЕПА и кореспондентното банкарство ќе се одвиваат непречено, а одливните плаќања кон странство привремено нема да бидат достапни за физичките и правните лица.

Од Народната банка посочуваат дека штедните влогови на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување депозити до износ од 30.000 евра во согласност со законските правила. Кредитокорисниците треба и натаму навремено да ги исполнуваат обврските кон банката.

Привремената администрација ќе трае три месеци, а Народната банка најавува дека континуирано ќе ја следи состојбата и ќе ги преиспитува ограничувањата во зависност од развојот на настаните.

Гувернерот Трајко Славески вчера изјави дека е формиран тим од седум вработени за следење на работењето на Алта банка – Битола. Тој посочи дека сопственикот од Белград бил известен да ги стави акциите на продажба, во спротивно Народната банка ќе ги понуди на аукција, оценувајќи дека има заинтересирани купувачи.

Од Народната банка ги повикуваат граѓаните и клиентите да се информираат преку официјалните извори и да не носат одлуки врз основа на непроверени информаци, посочувајќи дека непотребното и масовно повлекување средства не е во интерес на штедачите.