Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Ѓорѓиевски: Пристигна прва пратка бесплатни униформи за ученици од прва година во средните училишта

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, денеска во средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, денеска во средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“ ги промовираше бесплатните униформи за сите ученици од прва година, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

– Ветивме и исполнуваме. Пристигна првата пратка бесплатни униформи, што се изработени од 100 отсто памук. Ова е почеток на реализацијата на мерката со која униформи ќе добијат сите ученици од прва година во средните училишта на Град Скопје. За мене, секое дете заслужува со крената глава да влезе во училницата. Да се чувствува прифатено, почитувано и еднакво.  Ниту еден ученик не смее да чувствува помала вредност поради финансиските можности на своето семејство. Во училишните клупи треба да се истакнуваат знаењето, трудот и талентот. Таму се градат пријателства, се откриваат способности и се раѓаат големи соништа. Наша обврска е да создадеме услови, тие соништа да растат. Токму затоа, со бесплатните униформи го олеснуваме товарот врз семејниот буџет и придонесуваме за намалување на видливите социјални разлики меѓу учениците. Правиме конкретен чекор кон училишна средина во која нема место за потсмевање, дискриминација и булинг поради облеката што некој ја носи – изјавил Ѓорѓиевски.

Тој истакнал дека оваа мерка е дел од многубројните градски активности во интерес на младите.

Реклама

– Опремивме кабинети по информатика, обезбедивме дидактички материјали и помагала, интерактивна технологија, смарт табли, нови клупи и столчиња. Вложуваме во спортски терени и фитнес-зони, во современи услови за учење и здрав развој. Продолжувам со истата решителност, затоа што зад секоја мерка стојат ученици со свои надежи и семејства што очекуваат поддршка. Нивната доверба е обврска што се исполнува со дела. Влогот во младите е влог во иднината. А, иднината на Скопје ја градиме денес, со секое исполнето ветување – додал Ѓорѓиевски.