Во насока на унапредување на деловната соработка и воспоставување партнерство за рурален развој, по успешните работни средби одржани во Општина Чучер-Сандево, во изминатиот период, во просториите на Стопанската комора, ќе се одржи работен состанок за дефинирање на конкретните насоки за деловна соработка, како и креирање на долгорочно деловно партнерство меѓу руралните општини од Скопскиот регион и бизнис заедницата предводена од страна на Комората.
Состанокот ќе го води претседателот на Комората, Бранко Азески, со Даниела Димовска, директор на ИНОВА, Зоран Бајовски, градоначалник, Општина Чучер Сандево, Коста Маневски, градоначалник, Општина Зелениково и Драганчо Апостоловски, државен советник, Министерство за надворешни работи и претставници на стручни лица од локланите самоуправи.
Работниот состанок ќе се одржи на 2 ноември 2026 година (понеделник), во 14:00 часот, во Стопанска комора на Македонија, 3 кат, сала 3; изјава за медиумите е предвидена во 15:00 часот.

