Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Народниот правобранител ќе прима пријави за евентуални повреди на избирачкото право за изборите во Брвеница

Народнотo правобранителство денеска за време на вториот круг од предвремените избори за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народнотo правобранителство денеска за време на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе има дежурна екипа која ќе прима претставки од граѓаните за евентуални повреди на избирачкото право.

Како што соопшти омбудсманот, подрачната канцеларија во Тетово ќе биде отворена од 7 до 19 часот, односно за време на гласањето, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Пријавите ќе можат да се поднесуваат лично во канцеларијата или на телефонскиот број 044/344-082.

Народниот правобранител информира дека ќе ги штити правата на граѓаните преку преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции задолжени за заштита на загарантираните права.

Реклама

Во соопштението се потсетува дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно право што се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Оттаму нагласуваат дека никој не смее да биде повикан на одговорност поради остварување на избирачкото право, при што потсетуваат дека повредата на слободата на определување на избирачите и другите повреди на избирачкото право претставуваат казниви дела.